Кошарка

Бориша Симаниќ ќе настапува за Игокеа

Бориша Симаниќ ќе настапува за Игокеа

Српскиот кошаркар Бориша Симаниќ потпиша договор со Игокеа и за него ова ќе биде прв клуб после страшната повреда што ја доживеа на СП во Манила.

Симаниќ мораше да мине низ операција во која му беше отстранет едниот бубрег, а потоа следуваше долг период на рехабилитација.

„Здоволни сме од потписот со Симаниќ. Тој се враќа на терените после повеќе од една година и се надеваме дека во нашиот клуб повторно ќе блесне во сиот сјај, прикажувајќи го својот талент на сите натпревари. Му посакуваме топло добредојде во Игокеа“, стои во клупското соопштение.

 

To top