Борче Даскаловски ќе седне на тренерското столче на „кормилото“ на битолски Пелистер. Ова денеска го информираа од таборот на битолскиот клуб.
Изборот за нов тренер на „зелено-белите“ падна врз искусниот стручњак кој беше дел и од стручниот штаб на сениорската репрезентација на Македонија, како асистент на селекторот Марјан Илиевски.
Даскаловски е изборот на управата на „зелено-белите“, со кој беше потпишан договор за соработката за новата натпреварувачка сезона.
Даскаловски со Пелистер покрај обврските на домашната сцена, ќе има и настап во ФИБА Лигата на шампиони.