Кошарка

Богдановиќ тргна да се пресмета со својот тренер (ВИДЕО)

Богдановиќ тргна да се пресмета со својот тренер (ВИДЕО)

Богдан Богдановиќ, повторно одигра одлична партија во дресот на Атланта во победата над Чикаго од 113:101.

Покрај феноменалната игра на српскиот ас, главна тема во американските медиуми е и големата кавга на Богдановиќ со својот тренер Кевин Снејдер, и тоа за време на натпреварот со Чикаго.

Србинот мечот го заврши со 20 поени, шест асистенции и четири скока, но во еден момент целосно полуде и за време на тајм-аутот скокна од клупата и вербално го нападна Снајдер. За ситуацијата да не ескалира се погрижија соиграчите кои го одвоија Србинот од тренерот на тимот.

  • Квин е мој човек, сигурно, ме турка цела година. Имавме конфликти и мали расправии. Нормално е да се случи тоа, изјави асот на Атланта, на што тренерот додаде:
  • Боги беше одличен, јас и тој сме одлични. Тоа е толку одлично, подобро од добро, одлично. И ми се допаѓа како играше. Тој се бранеше, што за него беше гордост.

To top