Кошарка

Богдан Богдановиќ ја напушта Аталанта

Богдан Богдановиќ ја напушта Аталанта

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ во финишот од „трејд периодот“ во НБА лигата би можел да го напушти тимот на Атланта и да се пресели во Феникс Санс, пренесуваат американските медиуми.

Според информациите на новинарот Марк Стајн Атланта е спремна да го трејдува српскиот бек и во овој момент ги разгледува можните опции.

Се споменуваше и Џими Батлер од Мајами, меѓутоа опција за Санси е и Богдановиќ.

Во овој момент екипата предводена од Кевин Дурант се наоѓа на деветтото место на Западната Конференција со учинок од 24 победи и 22 порази.

To top