Кошарка

Блејк Грифин означи крај на својата богата НБА кариера

Блејк Грифин означи крај на својата богата НБА кариера

Грифин се огласи преку социјалните мрежи и се заблагодари за сето она што му го даде кошарката, но не ги заборави и сите свои најблиски од семејството и долгогодишните соработници.

Блејк дебитираше во НБА лигата за ЛА Клиперс и во својата прва натпреварувачка сезона беше избра за најдобар дебитант во Америка, а своевремено победи и во Ол стар натпреварот во забивање.

Грифин девет години го носеше дресот на Клиперс и најубавите моменти ги мина во овој тим, по што ги бранеше и боите на Детроит, Бруклин и Бостон.

Блејк во кариерата одигра 14 сезони во НБА лигата, а во тој период оствари просек од 19 поени, 8 скокови и 4 асистенции по натпревар.

To top