Кошарка

БиХ се пласира во 1/8 на ЕП

БиХ се пласира во 1/8 на ЕП

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја победија Грузија во Лимасол (84:76) и со тоа обезбедија осминафинале на ЕП во кошарка.

Босанците, кои во најголеиот дел го контролираа натпреварот, малку се коцкаа во во последната четвртина, но на крајот заслужѓено славеа.

Грузија и покрај поразот се уште има шанса за пласман во нокаут фазата, , вечерва од 20.30 часот Грција треба да ја победи Шпанија.

Најдобри кај БиХ беа Јусуф Нуркиќ со 15 поени и 12 скока, Џон Роберсон додаде 15 со пет асистенции, а Александар Лазиќ имаше 13 поени.

За Грузија, Сандро Мамукеласвили постигна 20 поени со осум скока, Камар Болдвин постигна 18, а Гога Битадзе имаше 15 поени и пет скока.

Целосно потвфрли најдобриот грузиски играч, Токо Шенгелија со шест поени, пет скока и четири асистенции.

To top