Кошаркарскиот клуб Партизан подготвува вистинска „бомба“ на крајот од преодниот рок, а станува збор за одличниот НБА играч и турски репрезентативец, Џеди Осман.
Според информациите Чеди Осман има понуди од Партизан и Анадолу Ефес.
„Црно-белите“ за кратко време го комплетираа составот и единствено место им остана крилниот центар да ја довршат приказната, а според споменатиот извор изборот паднал на Турчинот
Интересно за Осман е тоа што е роден во Охрид, Македонија, а веќе го носеше дресот на Анадолу Ефес и настапуваше за Кливленд Кавалирс и Сан Антонио Спарс во НБА.