Кошарка

Баскеташот Душан Домовиќ- Булут стави крај на својата кариера

Баскеташот Душан Домовиќ- Булут стави крај на својата кариера

Еден од најдобрите светски играчи во баскет 3х3 во историјата на овој спорт Душан Домовиќ – познат како Булут стави крај на својата богата кариера.

Булут беше еден од „пионерите“ на кошарката 3×3 во Србија. Во својата кариера освои четири светски клупски титули, двапати беше МВП на Светската турнеја и двапати беше најдобар играч на Светското првенство во баскет.

Со репрезентацијата на Србија има бронзен медал од ЛОИ во Токио, четири светски злата, две европски и по еден сребрен на Европските и Светските првенства.

To top