Кошаркарите на Црвена Звезда не го искористија домашниот терен каде убедлив триумф славеше Барселона екипа која што по лошиот старт на сезоната, конечно фати ритам и има четири победи на последните пет натпревари. Конечниот резултат на натпреварот беше 79-89.
Клајбрн со 22 поени беше прво име во редовите на Барселона, додека за Црвена Звезда се истакнаа Мекинтајер со 19 и Монаке со 15 поени.
Maкедонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс одново одигра блескава партија во Евролигата, но тоа не беше доволно да спречи сензација во Атина за голема победа на Валенсија против Панатинаикос со (79-89). Грчкиот гигант исто како и Црвена Звезда, го забележа петтиот овосезонски пораз во елитата, додека Валенсија стигна до деветтиот триумф.
Шортс беше втор стрелец во својот тим, со 19 постигнати поени. Повеќе имаше само Нан, 23 поени. Кај Валенсија Томпсон запиша 17 поени, а еден помалку крај своето име додаде Тејлор.