Машката кошаркарската репрезентација на Македонија тргна во нова етапа со селекторот Жозеп Марија Берокал на клупата.
Шпанскиот стратег се запозна со репрезентативците, го имаше првиот собир, а го одржа и првиот тренинг. За првпат некој тренираше и работеше во реновираната сала „Градски Парк“.
Кошаркарите имаа шанса да ги видат условите во обновената култна скопска сала која повторно има модерен лик.
Берокал ќе има кратко време за запознавање со тимот. Веќе в петок ќе ја води Македонија на првиот натпревар, а тоа ќе биде делот со Луксембург.