Кошарка

Баерн ќе разигрува преку плеј-ин, Партизан поразен и од Реал Мадрид (ВИДЕО)

Баерн ќе разигрува преку плеј-ин, Партизан поразен и од Реал Мадрид (ВИДЕО)

Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Баерн во Минхен со 86-71, во 34. коло од Евролигата, и ги исфрлија Германците од плејофот па ќе мораат преку плеј-ин да се изборат за четвртфинале.

Фенербахче имаше убедливо водство (28-13) во првата четвртина, го одржуваше до полувремето, а потоа и во третата четвртина, за на крај сосема заслужена победа.

Тимот од Истанбул до победата го предводеше Најџел Хејс Дејвис со 24 поени, дополнети и со три скока и пет асистенции, а го следеа Николо Мели (8 поени), Тарик Биберовиќ, Ерик МекКалум и Вејд Болдвин со по 11 поени. Кај Баерн се истакна Карсен Едвардс со 26 поени, а двоцифрен беше и Девин Букер со 15 поени, четири скока и три асистенции.

Со овој пораз Баерн испадна од плејоф зоната и моментално е на седмото место, додека Фенербахче го зацементира второто место.

Монако го совлада Асвел на гости со 78-83. Војводите до победата ги предводеше Мајк Џејмс со 18 поени и седум асистенции, а го следеше Џордан Лојд со 16 поени и пет скока. Кај Асвел се истакна Нил Сако со „дабл-дабл“ учинок од 18 поени и 11 скока. Го следеше Тео Маледон, кој исто така постигна 18 поени.

Двоцифрен беше Енди Робертсон со 14 поени со 12 скока и две асистенции.Монако го обезбеди четвртото место по регуларниот дел од Евролигата. Олимпијакос, пак, со победа го осигура првото место триумфирајќи со 99-93 против Макаби Тел Авив. Во натпревар без резултатско значење Милано славеше против Басконија со 111-89.

Паризан во последниот меч сезонава во Евролигата пред своите навивачи ја имаше, но неколку грешки во финишот скапо го чинеа.

Најпрво Кампацо израмни за Реал, а потоа Љуљ погоди за водство на Реал (87:89), а на две секунди до крајот изедначи Карлик Џонс.

Се чинеше дека натпреварот оди во продолжение, но Чус Матео нацрта добра акција. Од аут Камапцо му додаде на Таварез, кој успеа да погоди.

To top