Екипата на МЗТ Скопје е неприкосновена во македонската клупска кошарка, доказ плус за тоа е и серијата на „сино-белите“ и во натпреварите од Супер купот „Драган Василов-Цевка“.
Во таа насока се и размислувањата на тренерот Васко Атанасов пред неделниот натпревар со Кожув:
„За нас ова е почеток на официјалниот дел од сезоната. Стартуваме со Кожув, нашите цели се јасни. Суперкупот е еден од трофеите кои ги имаме потцртано да бидат во нашите витрини. Ги поканувам сите навивачи на дуелот и воедно сите љубители на кошарката да уживаат во овој дуел“, рече Атанасов.
Овој меч е најава за сезоната, која стартува следниот викенд со натпреварите од првото коло.