Кошарка

Асвел ја напушта Евролигата

Асвел ја напушта Евролигата

Францускиот кошаркарски клуб, Асвел од Вилербан би можел да ја напушти Евролигата и да се пресели во Лигата на шампионите по завршувањето на оваа сезона.

Клубот од предградието на Лион ќе аплицира за Лигата на шампионите на ФИБА со цел да стане дестинација за проектот НБА Европа во иднина.

Според весникот „Ле Прогрес“, Асвел има намера да игра во Лигата на шампионите од следната сезона и со тоа да испрати сигнал дека клубот е заинтересиран за проектот НБА Европа.

Францускиот клуб, за кој се очекуваше да ја обнови лиценцата за Евролигата, наводно е подготвен да се повлече од натпреварувањето.

Како што е наведено, причината за оваа одлука се хроничните финансиски загуби на клубот.

To top