По седум победи во низа Олимпијакос загуби на домашен терен од Фенербахче со 77-87 и го претрпе првиот пораз во 2025 година.
По добрата игра на Олимпијакос во првата четвртина, Фенербахче ги доби следните две со 52-38 и тука ја стекна клучната предност. Во последниот период предноста на гостите отиде иа на +14, Олимпијакос за момент се врати на пет поени негатива, но не успеа да го комплетира пресвртот.
Во останатите два натпревара од денешната програма, Асвел ја совлада Барселона со 100-94 и остана во игра за пласман во плејинот, додека Баерн се израмни со Реал, Барселона и Црвена Звезда со биланс 13/10, на делба од шестото до деветтото место.
РЕЗУЛТАТИ
Алба – Баерн 84-99
Асвел – Барселона 100-94
Олимпијакос – Фенербахче 77-87