Кошарка Нашите девојки беа поуспешни од ривалките

Ашаданов: Вака се гине за државниот дрес, очекуваме огромна поддршка против Грција!

Натпреварот против Грција ќе се одигра на петнаесетти ноември во 18:00 часот. И покрај фаворитската улога на противникот.

Ашаданов: Вака се гине за државниот дрес, очекуваме огромна поддршка против Грција!

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов, го изрази своето задоволство од победата над Данска на почетокот од квалификациите за ЕП.

Нашите девојки беа поуспешни од ривалките и славеа со конечни 79-78, нешто што предизвика голема радост кај кормиларот на нашиот национален тим.

„Најпрво, честитки за прикажаното денес до целиот мој тим. Нешто што е најдобро и најубаво за мене е што овие девојки ќе бидат идоли на помладите девојчиња кои тренираат и треба да бидат идни репрезентативки, затоа што покажаа како се бори и како се гине за дресот со државниот грб на терен.

За следниот меч, Грција фаворит број еден во групата и игра во низа на големите собири.

Сакам да добиеме поддршка од публиката, а овие девојки сигурно ќе бидат мотивирани и ќе дадат се од себе и на тој дуел“

Натпреварот против Грција ќе се одигра на петнаесетти ноември во 18:00 часот. И покрај фаворитската улога на противникот.

To top