Македонската женска кошаркарска репрезентација ги одработува подготовките за вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ и во рок од седум дена ќе одигра три натпревари.
Во рамки на групата Ф, за македонските девојки следуваат дуелите со Данска (11. март) и Грција (14. март) на гостински терен, како и домашниот натпревар со Хрватска (17. март) во Скопје.
Во првиот дел на натпреварувањето во групата македонските кошаркарки ја остварија една победа совладана беше Данска со 79:78, додека претрпе два пораза од Грција и од Хрватска.