Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Маслинко официјално е нов член на МЗТ Скопје, го стави потписот на договорот со екипата од Аеродром.
За крилниот центар ова е враќање во добро позната средина, со оглед што веќе го носеше сино-белиот дрес во периодот помеѓу 2017 и 2020 година.
Маслинко е четврто засилување за МЗТ Скопје за новата сезона, по Андреј Магдевски, Брандон Слај и Милош Копривица. Во тимот се уште Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоновски, Марко Миловановиќ и Марко Баковиќ.