Пред финалето на ЕП во Скопје селекторот на нашиот кошаркарски јуниорски тим, Горан Андреевски, даде коментар пред последниот меч.
„Во финалето влегуваме малку порастоварени, бидејќи главната цел ја остваривме, а тоа е влез во А-дивизијата. Но, се разбира и кон овој меч ќе влеземе максимално посветено и ќе се обидеме сите да ги израдуваме со злато. Емоциите ги тргнуваме на страна, играме храбро како и секогаш . Одиме на уште една победа. Ве чекаме сите во сала, во уште поголем број од дуелот со Бугарија“, изјави селекторот Андреевски.
Финалето се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 21:30 часот, а влезот за љубителите на кошарката е слободен.