Анадолу Ефес реши да доведе замена за Томислав Мијатовиќ и тоа ќе биде италијанскиот стручњак Лука Банки.
Банки и самиот неодамна доби отказ и тоа од Виртус Болоња, но многу бргу успеа да најде нов ангажман и сега ќе се обиде да ги подобри резултатите на турската екипа.
Мијатовиќ прифатил да остане во клубот, односно во иднина да биде дел од стручниот штаб на Банки и сигурно ќе му биде од помош на италијанскиот тренер.
Ефес во домашното првенство заостанува само два бода зад лидерот Фенербахче, додека во Евролигата врза два пораза и сега има ефект 10:9 за место на средината на табелата.