Алексеј Покушевски е решен да остане во НБА-лигата и по добиениот отказ од Оклахома Сити тандер, па српскиот суперталент во следните 48 часа и официјално ќе потпише договор со нов клуб во најсилната лига во светот.
Црвена Звезда и Партизан ја следеа ситуацијата со овој играч обидувајќи се да го вратат во Србија, но Покушевски јасно стави до знаење дека не се откажува од сонот наречен НБА, па постигна договор за преселба во Шарлот Хорнетс.
Овој клуб неодамна потпиша договор со српскиот плејмејкер Василије Мициќ, кој исто како и Покушевски не добиваше шанса во Оклахома, но затоа одлично се снајде во дресот на хорнетси.