Кошарка

Александар Петровиќ е нов тренер на KK Пелистер

Александар Петровиќ е нов тренер на KK Пелистер

КК Пелистер се раздели со Дарко Радуловиќ по истекот на договорот и за нов тренер го постави искусниот Александар Петровиќ, кој се враќа во Битола по цели шеснаесет години.

Поранешниот предводник на МЗТ Скопје ќе има задача конечно да го вивне клубот од својот град во шампионските висини и да го направи клучниот исчекор кон успехот.

Пелистер три години по ред стигнува до финалето, но сѐ уште не успеа да го освои трофејот. Петровиќ е исусно име со неколку трофеи во резимето, а во 2022 година беше избран за најдобар тренер во лигата, откако го внесе МЗТ Скопје во АБА лигата и ја освои домашната титула.

 

To top