Кошарка

Александар Јончевски со проверени сили против Литванија

Александар Јончевски со проверени сили против Литванија

Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе одигра два натпревари во месец ноември како дел од квалификациите за Евробаскетот, односно двапати ќе ги одмери силите со силната Литванија.

Натпреварите се закажани за 18-ти и 21-ви овој месец, а во најавата за овие дуели, селекторот Александар Јончевски првично го објави поширокиот список.

Селекторот смета на голем број искусни кошаркари за овој двомеч со Литванците, вклучувајќи ги и нашите двајца претставници во Евролигата, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс. Првиот натпревар ќе се одигра во СРЦ „Кале“ на 18-ти ноември во 18:00 часот, додека реваншот е три дена подоцна во Клаипеда.

Повикани играчи од селекторот Јончевски:

Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Ти-Џеј Шортс, Амар Хот, Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири, Теодор Симиќ, Максим Митевски, Андреј Митревски, Страхил Николов, Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Итан Хап, Виктор Ефремовски, Марин Петков

To top