Фајнлфорот во кошаркарската Евролига нема да се игра во Белград, домаќин ќе биде Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати.
Против играњето во Абу Даби биле само Реал Мадрид и Олимпијакос кои сметале дека и понатаму нема услови да се одржи еден таков настан.
Претходните денови се споменуваше Белград како опција, но на крајот Абу Даби победи во трката. Организацијата на турнирот Абу Даби ја доби со понуда од 25 милиони евра и би требало да добијат организација во следните две години.
Завршницата во Евролигата ќе се игра од 23 до 25 мај наредната година. Натпреварите ќе се играат во „Етихад Арена“ која е со капацитет од 18.000 места.