Кошарка влегоа тимови од Австрија и Романија

АБА лигата се прошири

АБА лигата се прошири

АБА лигата од следната сезона ќе брои 18 учесници, по одлуката на собранието одржано в среда. Проширувањето сепак, не значи ништо за Македонија бидејќи ние и понатаму остануваме само со сигурни места во АБА-2 лигата.

Нови членови на Јадранската лига ќе бидат клубови од Австрија и Романија. Кон лигата ќе пристапат Виена и Клуж, кои ќе се натпреваруваат во елитниот ранг.

Меѓу второлигашите се селат Цибона и Морнар кои завршија на последното и претпоследното место минатата сезона. Се споменуваше дека во АБА може да заигра Хапоел Тел Авив, ама тоа не се исполни. Во елитата ќе играат Босна и Илирија кои си обезбедија пласман преку АБА-2 лигата.

Промена има и во форматот, па сега наместо сите да играат во едно првенство, лигата се дели на две групи. Целосниот формат се очекува да биде познат наскоро.

To top