Кошарка

„76“ ја напуштаaт Филаделфија?

„76“ ја напуштаaт Филаделфија?

Американските медиуми јавуваат дека се водат преговори за потенцијална промена на локацијата на НБА организација Севнти сиксерси кои моментално настапуваат во „Велс Фарго центарот“ во Филаделфија.

Се уште ништо не е договорено, но медиумите од државата Њу Џерси велат дека еден град е заинтересиран да биде домаќин на Сиксерси.

Тоа е градот Камден и група финансиери кои се многу сериозни во нивната намера. Њу Џерси нема НБА тим од 2012 година, кога Њу Џерси Нетс се пресели во Бруклин.

To top