Кошарка

27 годишен тренер седнува на клупата на Париз

27 годишен тренер седнува на клупата на Париз

Кошаркарскиот клуб Париз направи тренерска смена и за привремен шеф на стручниот штаб го назначи досегашниот асистент Џулиус Томас.

Со само 27 години, Томас станува најмладиот главен тренер во историјата на Евролигата и француското првенство. Тој е дел од клубот од 2023 година и учествуваше во создавањето на препознатливиот брз стил на игра.

Промената доаѓа по слабите резултати во Евролигата, каде Париз е 17-ти, додека во домашното првенство тимот е трет и останува конкурентен за висок пласман.

To top