Македонскиот ракометен суперлигаш Тиквеш, доведе две нови имиња во својот ростер.
Во Кавадарци пристигнаа средниот бек Игор Кривокапиќ, како и кружниот напаѓач Никола Летиќ.
Кривокапиќ во Тиквеш пристигна од редовите на Островија од Полска каде настапуваше во минатата сезона.
Се работи за 31-годишен ракометар од Црна Гора, кој во кариерата уште има играно во Романија, Израел и Босна и Херцеговина.Летиќ, пак, летово настапуваше за Струга на Струшкиот турнир, но не се договори со тимот од покрај езерото.
Кружниот напаѓач има 20 години и е младински репрезентативец на Босна и Херцеговина. Двајцата ракометари со Тиквеш потпишаа договори на две години.