Даниел Аврамовски, талентираниот македонски фудбалер, веќе неколку месеци е дел од турскиот Болуспор, каде што бележи одлични настапи.
Потпишувајќи за клубот во јануари, тој стана клучен играч, стартувајќи на секој од 22-те првенствени натпревари, заменет само три пати, и тоа секогаш по 85 одиграни минути. Со 10 постигнати голови и 3 асистенции, Аврамовски го привлече вниманието на турските медиуми и јавноста, кои го сметаат за еден од најдобрите играчи во лигата.
Со вакви импресивни статистики, прашањето што природно се наметнува е зошто играч со таква форма и квалитет не добива шанса во македонската репрезентација?
Не може да се исклучи ниту можноста дека постојат некакви околности што би можеле да влијаат на неговото повикување. Сепак, останува фактот дека Аврамовски е во врвна форма и заслужува сериозно да се размисли за негово место во националниот тим.
Со оглед на тоа како ја брани својата позиција во Болуспор, за очекување е дека ќе продолжи да го привлекува вниманието не само на македонските селектори, туку и на други европски клубови.
Вчера македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1:1 со репрезентацијата на Фарски острови.
Натпреварот во Торашвн почна непријатно за избраниците на селекторот Благоја Милевски, откако капитенот на Фарски острови. Вилјормур Давидсен, им донесе водство на домаќините од пенал во 9 минута.
Македонскиот состав во продолжението на првото полувреме беше немоќен да ја пробие домашната одбрана, а единствената шанса пред противничкиот гол ја имаше Дарко Чурлинов.
Израмнувањето, сепак, дојде на идентичен начин на почетокот на вториот дел кога капитенот Енис Барди беше прецизен од белата точка во 49 минута.
Македонија презеде целосна доминација на теренот во продолжението, но Лирим Ќамили, Бојан Миовски, Бојан Димовски и Чурлинов пропуштија идеални шанси за гол.
Ова беше седми натпревар во низа на кој македонската репрезентација не успеа да забележи победа, а следен противник на во рамки на групата Ц4 ќе биде Ерменија во вторник во Скопје.