Eкипата на Арсенал денеска славеше победа против Борнмут во рамките од 36. коло во Премиер лигата со 3:0, а по овој триумф на лондонскиот клуб до големо признание стигна и голманот Давид Раја.
Раја со „чистата мрежа“ си го загарантира признанието голман на сезоната во Премиер лигата за сезоната 2023/2024. На две кола пред крајот Раја има 15 „чисти“ мрежи додека Џордан Пикфорд од Евертон пред кого има уште два натпревари е на 12, па така јасно е дека не може да го стигне.