Првата е тренерски ангажман во неговиот Реал Мадрид, а втората на селекторската позиција во репрезентацијата на Франција. Пречка за првата му е Карло Анчелоти кој има важечки договор до крајот на сезоната, а во втората го спречува Дидиер Дешамп кој потпиша нов договор со Франција.
Како потсетување, Зидан во тренерската кариера единствено го предводеше Реал Мадрид со кој доживеа голем успех освојувајќи три титули во Лигата на Шампионите, две титули во Ла Лига, две во Суперкупот на Шпанија и две во УЕФА Суперкупот.