Фудбал

Жозе Мурињо доби три меча суспензија

Жозе Мурињо доби три меча суспензија

Португалскиот стратег Жозе Мурињо, кој го предводи Фенербахче, доби суспензија од три натпревари поради физичкиот напад над Окан Бурук, тренерот на Галатасарај, по завршувањето на четвртфиналниот натпревар од Купот на Турција. Оваа казна во турската јавност е окарактеризирана како срамна, посебно од симпатизерите на Галатасарај.

Турските медиуми наведуваат дека Фатих Терим своевремено за многу помал прекршок добил драстична казна од осум натпревари суспензија.

На десет кола пред крајот на првенството во Турција, Галатасарај има шест бода предност на врвот пред Фенербахче, кој има одиграно еден натпревар помалку.

To top