Жорже Жезус, искусниот португалски стратег, е официјално нов тренер на Ал Наср. Неговото назначување го одобри и самата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.
Веста, која ја објави Фабрицио Романо, означува нов почеток за саудискиот клуб и носи оптимизам за фановите на Ал Наср.
Жорже Жезус – машината за трофеи, кој има 70 години, се враќа во Саудиска Арабија по многу успешен период со ривалскиот Ал Хилал.
Таму освои пет трофеи, вклучувајќи ја и Саудиската Про Лига. Ова искуство и докажан успех беа клучни за да добие доверба од раководството и, што е најважно, од Кристијано Роналдо, кој сега го гледа Жезус како идеален тренер за Ал Наср.