Португалскиот напаѓач Жоао Феликс (25) ги напушти редовите на новиот светски клупски шампион Челси и му се придружи на својот познат сонародник Кристијано Роналдо во саудискиот премиерлигашки клуб Ал Наср, со кого потпиша двегодишен договор. Челси доби фиксни 30 милиони евра за Феликс, а ќе добие уште 20 преку бонуси.
Португалецот ќе има голема плата. Според Corrieo de Manha Феликс ќе заработува 35 милиони евра бруто за две години. Значи 17,5 милиони евра по сезона.
Ова е огромно зголемување на платата бидејќи тој заработуваше осум милиони евра по сезона во Челси. Во саудиската лига, само четири играчи заработуваат повеќе од него – Кристијано Роналдо, Ријад Марез, Карим Бензема и Садио Мане.