Фудбалерите на Зеленортските острови го победија Есватини со 3:0 и се квалификуваа за Светското Првенство во 2026 година.
Оваа репрезентација ќе учествува на Светското првенство за прв пат во историјата. Оваа нација брои околу 550.000 жители, испиша историја бидејќи според површината е најмалата држава што некогаш играла на Мундијал.
Без никакви проблеми, Зеленорстдките островија потврдија улогата на фаворит во овој натпревар и обезбеди билет за ова натпреварување пред полни трибини.
Головите во триумфот ги постигнаа Роча Ливраменто, Семедо и Стопира.
Во истата група, Камерун ремизираше со Ангола и сега ги чека резултатите од другите натпревари, за да знае дали ќе се квалификува за Светското првенство како една од четирите најдобри второпласирани селекции.