Играч помалку ќе има на располагање во периодот на подготовките селекторот на машката македонска кошаркарска репрезентација Жозеп Мариа Берокал пред дуелите од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, против репрезентацијата на Луксембург, кој го игра на 27.февруари (петок) во салата „Градски парк“ во Скопје и неколку дена подоцна, на 2. март, против Азербејџан во Баку.
Поради повреда која бара дополнителен медицински третман, учеството во овој февруарски ФИБА „прозорец“ мораше да го откаже Лејсон Зеќири. Тој го информираше стручниот штаб дека има проблеми со коленото, поради што не е во можност да се стави на располагање за натпреварите кои следуваат.
Во наредните денови, селекторот Берокал ќе смета на оние 15.кошаркари кои го одработуваат вториот „работен“ ден од мини-собирот во Скопје. (МИА)