Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ е слободен фудбалер откако го раскина договорот со Хајдук од Сплит, соопштија од клубот.
Ситуацијата ескалира откако тренерот Џенаро Гатузо соопшти јавно дека Перишиќ побарал од него да си оди.
Затоа играчот беше исфрлен од првиот тим, а исто така доби и пцовки и навреди од навивачите.
„Жал ми е што се направи атмосфера која негативно се одрази на клубот, но посебно на Иван и неговата фамилија кои незаслужено доживеаа бројни нелагодности. Од првиот ден се знаеше дека Иван веројатно останува до крајот на летото. За жал, во последните неколку денови имаше несогласувања кои резултираа со заклучок дека соработката нема да биде продолжена. Во наредните денови ќе одлучиме дали излезот ќе биде во форма на трансфер или обостран раскин на договорот“, соопштија од Хајдук.