Во осмата минута од судиското надополнување, Матија Закањи го постигна голот за реми, кој ја води Италија во следната фаза и најверојатно ја води Хрватска дома.
Фудбалерот на Лацио постигна прекрасен гол, кој неодоливо потсетува на голот на Алесандро Дел Пјеро во полуфиналето на СП 2006 за 2:0 против домаќинот Германија. Со ова се согласува и самиот Закањи.
„Дел Пјеро беше мојот идол, како дете го имав неговиот постер“, изјави крилниот напаѓач на Лацио, за кого ова е прв гол за „Аѕурите“ во кариерата и кој во последен момент се најде во составот за ЕП. Тоа се покажа како победничка одлука на Спалети.
Easily Del Piero’s dagger against Germany in the 2006 World Cup. Class. 🇮🇹⚫️⚪️ https://t.co/8wkfR6Mcg3 pic.twitter.com/ehjrPXGRzH
— Mike ⚫️⚪️ (@JuventinoMC) May 1, 2023