Дефанзивецот на македонската фудбалска репрезентација изјави дека ги воочила грешките од мечот со Хрватска и ветува голема борба за позитивен резултат против следниот ривал.
„Имавме многу грешки со Хрватска. Ги воочивме и се надевам дека нема да ги правиме на мечот со Чешка. Имавме проблеми од тактичка природа и на моменти не бевме фокусирани, но мислам дека сето тоа може драстично да се поправи.
Ни треба повеќе фокус, повеќе самодоверба во одредени ситуации, зашто само така можеме да постигнуваме голови. Целосно сме сконцетрирани на тактичките задачи од селекторот и сите ќе одиграме квалитетно.
Знаеме сите дека голем дел од нас имаат проблем со минутажата во клубовите, но мора да дадеме повеќе од 100% од нашите можности. Некои играчи воопшто не играат и тоа секако не е добро, но затоа сме тука, да се подготвиме најдобро што можеме и да одиграме добар меч со Чесите“, изјави Зајков.
Натпреварот со Чешка е закажан за 10 јуни, со почеток во 18:00 часот.