Новиот менаџер на Абердин, Нил Ворнок е воодушевен од играта на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој сезонава настапува во фантастична форма.
Нашиот напаѓач веќе стигна до бројката од 20 гола сезонава, за три дена ги затресе мрежите на Селтик и Ренџерс, а до крајот има уште повеќе од три месеци. Искусниот стручњак на клупата на Абердин е сигурен дека Миовски има уште многу да покаже и значително ќе го подобри своето конто, а клубот го очекува голема заработка од неговата продажба.
„Не верувам дека некој е подобар од него во Шкотска, утре може да отиде во англиската Премиер лига и таму ќе биде на исто ниво. Абердин ќе заработи многу пари од продажбата на Миовски – ќе постигне 30 гола оваа сезона.
Му кажав дека лесно ќе постигне уште 10 затоа што ќе креираме гол прилики за него. Како што ќе поминува времето, подобро ќе се запознаеме, соиграчите ќе знаат во кој правец се движиме и тој ќе има повеќе шанси“, рече Ворнок.