Фудбал

Во Премиер лигата ќе има два преодни рока

Во Премиер лигата ќе има два преодни рока

За прв пат, трансфер периодот ќе биде активен од 1 до 10 јуни. Ова им дава можност на клубовите да се засилат пред Светското клупско првенство. Манчестер Сити и Челси се единствените англиски претставници на турнирот кој стартува на 14 јуни.

Преодниот рок потоа повторно ќе се отвори на 16 јуни и ќе заврши на 1 септември.

Оваа недела се разбра дека одредени клубови претпочитаат прозорецот за трансфери да се затвори пред почетокот на новиот шампионат во Премиер лигата, закажан за 14 август.

Во спротивно, англиските тимови би се нашле во нееднаква позиција.

Поврзани теми

To top