Фудбал

ВМФЛ: Сигурни победи на Македонија Ѓорче Петров и Брегалница

ВМФЛ: Сигурни победи на Македонија Ѓорче Петров и Брегалница

Водечките екипи во Втората македонска фудбалска лига, Македонија Ѓорче Петров и Башкими денеска славеа победи во рамките од 21. коло.

На домашен терен „лавовите“ беа подобри од Вардарски со убедливи 4:0, а стрелци за тимот од Ѓорче беа Кире Маркоски, Анџело Николовски и Симеон Христов кој двапати погоди.

Во ефикасен натпревар Башкими исто така на свој терен забележа триумф над Вардар Неготино од 5:2.

Сите натпревари денеска започнаа со минута молк во чест на загинатите во трагедијата во Кочани.

ВМФЛ 21. КОЛО РЕЗУЛТАТИ:

Арсими – Каменица Саса 4:1

Башкими – Вардар Неготино 5:2.

Беласица – Новаци 3:0

Борец – Осогово 1:3

Брегалница – Скопје 1:1

Детонит – Кожуф 1:1

Македонија Ѓорче Петров – Вардарски 4:0

Охрид – Победа 0:0.

ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 48, Башкими 48, Брегалница 44, Арсими 42, Каменица Саса 32, Охрид 32, Детонит 31, Скопје 31, Кожуф 31, Беласица 28, Победа 22, Новаци 20, Вардар Неготино 20, Осогово 16, Борец 10, Вардарски 8,.

To top