Фудбал

Витиња останува во ПСЖ

Витиња останува во ПСЖ

Фудбалерот од средниот ред и клучен играч на Пари Сен Жермен, Витиња (26), нема намера да го напушти Паркот на принцовите.

Иако претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез верува дека Витиња би бил најголемото засилување за шпанскиот клуб, Португалецот нема да ја напушти француската екипа, барем засега.

– Би било голема грешка ако го напуштам Пари Сен Жермен. Се чувствувам одлично тука, го сакам овој град, исто како и моето семејство. Не чувствувам дека треба да си одам од тука во моментов.

Навивачите ме ценат и нивната поддршка ми значи многу. Имаме фантастичен тим и посебен тренер и не гледам никаква причина да си заминам – рече Витиња.

Витиња е на врвот на својата кариера, со договор кој важи од февруари 2025 до јуни 2029 година.

 

To top