Фудбал

Вирџил ван Дијк е на прво место на негативната листа на ЕП

Вирџил ван Дијк е на прво место на негативната листа на ЕП

Капитенот на Холандија Вирџил ван Дијк направил најмногу прекршоци од кој било учесник на ЕП 2024 досега и тоа 12 фаули на пет натпревари.

Со 11 грешки, Германецот Роберт Андрих е на второто место, но тој го заврши учеството, истото важи и за Адам Черин (Словенија) и Штефан Пош (Австрија), кои направиле по 10 прекршоци. Со 8 прекршоци е Робен Ле Норман од Шпанија, но е суспендиран за претстојното полуфинале против Франција.

Така реално, се чини дека само Алваро Мората може да го стигне Ван Дијк. Напаѓачот има и 8 прекршоци на своето конто, но изгледа како сигурен стартер за средбата со „петлите“ во вторник.

To top