Енцо Фернандес постигна страшен гол од слободен удар и успеа да го матира својот репрезентативен колега Емилијано Мартинез, мајсторија со која ја потврди победата на Челси во 1/16 финалето на ФА Купот.
По серијата жестоки критики за ужасното издание против Вулверхемптон, играчите на Челси одиграа за својот менаџер Маурисио Покетино и победија со 1:3, а Аргентинецот беше најенергичен при прославата на погодоците, јасно демонстрирајќи и бес поради сето она што го доживува во последно време.
Светскиот шампион е еден од најкритикуваните поради сумата која ја издвои Челси за неговиот трансфер, па Покетино како менаџер на Челси не криеше дека Енцо ја изнел цела фрустрација која ја чувал во себе по постигнатиот гол во мрежата на Астон Вила.
– За жал, денеска живееме во ера во која е многу е лесно да бидете навреден. Играчите се лесна мета на луѓето, лесно е да бидат навредени и омаловажени. Не е лесно кога некој во навредува, па оваа реакција на Енцо е доказ дека играчите се луѓе, а не роботи. Ние играме фудбал, таквите ситуации на лутат и според мене се максимално нефер кон професионалците.
– Енцо со голот и прославата покажа зошто е донесен тука, го покажа својот квалитет и демонстрираше дека тука да одговори на критичарите. Јас не се сомневав во него ниту за момент, не се сомневам ниту во Каиседо или било кој друг играч. Ова се млади играчи, а сите очекуваат да освојуваат титули и да прават чуда со секој допир со топката. Енцо е светски шампион, го потпишавме пред една година, но пред да дојде кај нас, цели две години немаше никаков одмор. Дојде во нова земја, во нова култура, во нова лига и има нов јазик. Потребно му е време, не е фер да се прави толкав притисок, – вели Покетино.
ENZO FERNANDEZ THAT IS OUT OF THIS 🌍
The @ChelseaFC midfielder hits a sublime free-kick into the top bins 🤤#EmiratesFACup pic.twitter.com/wBG78QVXe8
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) February 7, 2024