Турскиот готвач Нусрет Гокче, познат и како Салт Бае, станал предмет на шеги откако на социјалните мрежи се појавило видео во кое со бифтек го храни тренерот на Арсенал, Микел Артета.
Имено, Артета ја посетил „steakhouse“ на Нусрет во Дубаи каде најскапото нешто кое може да се проба е златен бифтек од 5.000 дирхами.
На видеото се гледа како Артета го гледа Гокче како го сече бифтекот, а потоа готвачот му става парче од месото во уста.
Mikel Arteta x Salt Bae in Dubai! 🧂🥩 pic.twitter.com/aei4PyzCHo
— EuroFoot (@eurofootcom) January 12, 2024
Видеото станало тотален хит на социјалните мрежи, а луѓето почнале да се шегуваат на сметка на готвачот и тренерот.
„Неее, Микел. Не јади бифтек од неговата виљушка, ќе станеш предмет на шега“, коментирал некој корисник на „X“, а други се пошегувале на сметка на способностите на готвачот.
The moment you realise Salt Bae doesn't even know how to cook a steak and you've been had pic.twitter.com/8pt0K0uwV9
— Trans Rights, Mother Humpers! (@Bolt_451) January 13, 2024
„Моментот кога ќе сфатиш дека Салт Бае не знае да подготви бифтек“, напишал друг корисник.
Во продолжение погледнете уште некои шеги на сметка на славната двојка:
💭 Imagine your coach getting caught being fed by Salt Bae.
— Barça Spaces (@BarcaSpaces) January 13, 2024
Mikel Arteta playing along with Salt Bae’s performative steak cutting. I love how the final shot just says: GRISTLE. pic.twitter.com/yiA1zhJZoL
— Moog (@a_toots) January 13, 2024