Никлас Фулкруг ги засили редовите на англискиот премиерлигаш Вест Хем Јунајтед. Германскиот напаѓач пристигна во Лондон од Борусија Дортмунд за трансфер вреден 27 милиони фунти.
31-годишниот играч постигна 15 гола на 46 натпревари во неговата прва и единствена сезона за Дортмунд, откако минатото лето дојде од Вердер Бремен за 12,6 милиони фунти.