Фудбал

ФК Вардар ги објави цените на билетите за хуманитарниот меч со Црвена Звезда

ФК Вардар ги објави цените на билетите за хуманитарниот меч со Црвена Звезда

Македонскиот и српскиот фудбалски клубови Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат пријателски натпревар на 16 април, а сите приходи од продажбата на билетите ќе бидат донирани за жртвите и повредените во трагедијата во Кочани.

Вардар на својот официјален веб-сајт објави информации за билетите. Ќе се продаваат две „класи“ на карти, односно на јужната и северната трибина билет ќе чини 200 денари, а за западната и источната по 100.

Продажбата на билетите се очекува да биде онлајн, односно на нова платформа која треба да биде промовирана.

Од Вардар најавија бесплатен влез за децата од основните училишта од Кочани.

 

 

To top