Фудбал

Ван Дајк: Ако играме вака нема што да бараме на ЕП

Ван Дајк: Ако играме вака нема што да бараме на ЕП

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк повика на претпазливост. Покрај тоа, тој нагласи дека мора да се сменат работите во тимот, особено пристапот кон играта.

„Секако дека можам да ги разберам критиките на наша сметка. Не сум блесав, знам и сам дека можеме и мораме подобро од ова. Работиме на тоа. Јас против Австрија не играв најдобро што можам и тоа ме нервира. Цел тим не трчаше како што треба, но прво се гледам себеси. Морав да покажам повеќе. 

Не се работи за тоа дека тактиката беше погрешна. Примарно беше да имаме волја за победата. Влезовите за втора топка, за тоа не треба да ви кажуваат тренерите. Разговаравме меѓусебе, имаше доста остри зборови. Можеби се преценивме. Тој меч беше оној кој ни ги отвори очите. Ако продлжиме вака, нема што да бараме на турнирот“, изјави Ван Дајк.

To top