По ужасните сцени кои беа видени во Англија на натпреварот помеѓу Нотингам и Борнмут, слични сцени беа видени и во Франција.
На натпреварот помеѓу Нотингам и Борнмут настрада Данило, кој го скрши зглобот на левата нога.
Данило, по еден дуел, лошо доскокна, при што му пукна ногата, а сè беше ужасно за гледање.
Уште полоши сцени се видени и во Франција на натпреварот меѓу Реимс и Лил. По дуелот меѓу Амаду Коне од Реимс и Анхел Гомес, играчот на Лил остана да лежи на земја.
Според реакциите на сите на теренот, ситуацијата е повеќе од сериозна, а наводно станува збор за повреда на главата кај Анхел Гомес.
Фудбалерот на Лил лежеше неподвижен на тревата повеќе од половина час, а продолжувањето на натпреварот беше под знак прашалник.
Конечно, Гомес беше изнесен од теренот по повеќе од половина час, и натпреварот беше продолжен
Angel Gomes pic.twitter.com/z4sdu7KS7A
— La Horda Escarlata ⚽️👹 (@Cilg1992Ivan) August 17, 2024