Вечерва ужасни вести доаѓаат од Србија, ужасни пред се за семејството на Немања Видиќ, легендата на Манчестер Јунајтед.
Душан Видиќ, братот на поранешниот капитен на гигантот од “Олд Трафорд“, и легендарниот српски фудбалер Немања Видиќ, е пронајден мртов, потврдија медиумите во Србија.
Деталите за трагичниот настан сè уште не се познати.Немања Видиќ ретко зборуваше за својот брат јавно, па затоамногу малку се знае за Душан.